Македонија За дивеењето на Бит-пазар, во полиција повикани малолетници и тројца возрасни

За дивеењето на Бит-пазар, во полиција повикани малолетници и тројца возрасни

Заради расчистување на вчерашното дивеење на булеварот Крсте Мисирков во Скопје, близу Битпазар, полицијата повикала седум малолетници и тројца возрасни на разговор во полициската станица „Битпазар“.

Како што соопштува МВР, во инцидентот во кој повреди добиле три лица, кои побарале лекарска помош во Ургентен центар и по интервенцијата биле пуштени на домашно лекување, учествувале голем број лица. Во полициска станица се повикани 10 лица, од кои седум малолетници и тројца возрасни, меѓу кои и возачот на двокатниот автобус кој соообраќал на линијата 50.