Свет За 23 дена од примирјето во Сирија загинаа 530 лица

За 23 дена од примирјето во Сирија загинаа 530 лица

Вкупно 530 лица се убиени во првите 23 дена од примирјето во Сирија, во областите што се опфатени со спогодбата за прекин на непријателствата, соопшти денеска сириската Опсерваторија за човекови права.

Во областите кои не се покриени со примирјето, кое стапи на сила на 27 февруари, се убиени 1.279 лица.

Делумното примирје во Сирија не се однесува на Исламска држава и на фронтот Ал нусра, но овозможи мировни преговори меѓу сириските власти и умерената опозиција во Женева, под покровителство на Обединетите нации.