Свет Балкан Вучиќ: Поради затворањето на границите, српската економија трпи огромна штета

Вучиќ: Поради затворањето на границите, српската економија трпи огромна штета

Српскиот премиер Александар Вучиќ, во писмо до Европската комисија, истакна дека поради затворањето на границата со Хрватска, Србија трпи огромни економски штети.

– Со агресивни и со неприфатливи мерки, Хрватска драстично ги погоди нашите национални и витални економски интереси, но и силно ги погоди регионалните односи и стабилност – се наведува, меѓу другото, во писмото на Вучиќ до ЕУ.

Вучиќ укажува на тоа дека едностраната одлука на Хрватска да го забрани протекот на товарни возила, не е поврзана со решавањето на европската мигрантска криза, туку со кршење на Договорот за стабилизација и асоцијација, што директно нанаесува штета на економската соработка на Србија со ЕУ.