Економија Вториот FMCG-самит ќе се одржи на 13 мај во хотелот „Александар палас“

Вториот FMCG-самит ќе се одржи на 13 мај во хотелот „Александар палас“

Вториот FMCG-самит ќе се одржи на 13 мај во хотелот „Александар палас“, во организација на регионалниот магазин за трговија со стока за широка потрошувачка „Инстор“ (InStore).

Во рамките на програмата ќе бидат опфатени домашни и регионални приказни на тема: лидерство, менаџмент со категории, преговарање и продажба, промоции и приватни трговски марки.

Ќе се одржат презентации, истражувања, тркалезна маса чија цел е инспирација, едукација, размена на идеи и целодневно дружење на учесниците на самитот.

Искуството од минатогодишниот FMCG-самит покажа дека на овој сектор и тоа како му е потребен ваков настан.

– Живееме во време на континуирана политичка и економска нестабилност. Сликата не е розова ниту во нашата земја, ниту во поширокиот регионален и светски контекст. Трговијата со стока за широка потрошувачка, како сектор што го карактеризираат секавични промени, се наоѓа распната меѓу потребата да биде во чекор со времето и принудата да ги трпи ударите на разните кризи. Но, бизнисот е секојдневна борба, исто како и животот и секогаш има победници. На FMCG-самитот ќе разговараме токму за тоа, како да се биде победник сега и тука, во времето и на местото каде што живееме и работиме – вели Верица Мартиновска, главна и одговорна уредничка на „Инстор“ – Македонија, магазин кој е организатор на овој настан.