Македонија Времето претпладне сончево, попладне со услови за пороен дожд

Времето претпладне сончево, попладне со услови за пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места во попладневните часови повремено ќе има пороен дожд проследен со грмежи, краткотрајно засилен ветер и појава на град.

Претежно нестабилно ќе биде на југот од земјата. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 Целзиусови степени, а дневната од 25 до 31 степен.

Во Скопје претпладне времето ќе биде нестабилно со зголемена облачност, а попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 30 степени.