Македонија Времето денеска сончево со умерена облачност

Времето денеска сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево сo умерена облачност, ќе дува слаб наместа умерен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 28 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 34 Целзиусови степени.