Македонија Времето денеска сончево и топло

Времето денеска сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Попладне, особено во западните делови, облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен, претежно јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 6 Целиусови степени, а дневната од 11 до 19 степени.

Во Скопје се очекува слично време, со утринска температура до 3 Целзиусови степени, а дневна до 18 степени.