Македонија Времето денеска сончево и релативно топло

Времето денеска сончево и релативно топло

Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло, со слаба утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 6 до 2 Целзиусови степени, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до минус 3 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 12 степени.