Македонија Облачно време со повремен дожд

Облачно време со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во крајните западни и источни делови.

Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој повеќе ќе биде застапен во западните делови на земјава. Температурата ќе се движи од 8 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура до 17 Целзиусови степени.