Економија Вратени 640 милиони денари на фирмите врз основа на ДДВ

Вратени 640 милиони денари на фирмите врз основа на ДДВ

Министерството за финансии вчера исплати 640 милиони денари на 1.273 фирми, врз основа на поврат на данок на додадена вредност (ДДВ).

Од Министерството за финансии информираат дека исплата на поврат на ДДВ се врши редовно, како што доспеваат налозите за отплата.