Хроника Вработен во Општина Струга определувал плата со фалсификуван потпис на градоначалникот

Вработен во Општина Струга определувал плата со фалсификуван потпис на градоначалникот

Четириесет и осумгодишниот П.А. од струшкото село Заграчани, вработен во Општина Струга, вршел уплати, прераспоредувал други вработени и им определувал плата со фалсификуван потпис на градоначалникот.

Поради постоење основан сомнеж  дека фалсификувал исправа и употребил исправа со невистинита содржина, полициската станица од Струга му поднесе кривична пријава.

Пријавениот, во својство на службено лице, вработен во Општина Струга, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, од вработен и овластен работник во одделот за финансии во Општина Струга, побарал да му подготви уплатница ПП-60 од Општината за плаќање кон адвокат, на износ од 5.000 денари.

Откако противправно ја побарал и ја добил уплатницата, П.А. неовластено ставил печат од Општината, а потоа го фалсификувал потписот на градоначалникот на Општина Струга, по што, уплатницата ја предал во Секторот за финансии за понатамошно постапување.

Пријавениот П.А., исто така, подготвил решение за распоредување и за определување плата на лице за државен службеник, на кое повторно го фалсификувал потписот на градоначалникот на Општина Струга.

Решението со невистинита содржина го предал за понатамошна постапка.