Видео Вознемирувачка снимка од нападот во Тунис се појави на интернет

Вознемирувачка снимка од нападот во Тунис се појави на интернет

Исламска држава го објави идентитетот на убиецот на туристите во хотелот „Империјал“ во Тунис. Тоа е Абу Јахја Кујравани кој пукаше во луѓето на плажа, чија слика се појави на социјалните мрежи, објавена од Исламска држава.

„Нашиот брат, војникот Абу Јахја ал Кујравани, ја оствари својата цел во хотелот „Империјал“, иако имаше обезбедување“, напишаа покрај неговата фотографија.

„Се смееше и се шегуваше, изгледаше како нормален човек. Избираше кого ќе убие. На одредени луѓе им кажа да се засолнат. Целта му беа британските и француските туристи“, рече еден од сведоците.

На интернет се појави аматерски видеозапис од нападот во Тунис, на кој се слушаат истрели и се гледа како туристите се обидуваат да се заштитат.