Подглавна секција Воздушен напад во Одеса, во близина биле Зеленски и Мицотакис

Воздушен напад во Одеса, во близина биле Зеленски и Мицотакис

Грчкиот премиер, кој бил на посета во Украина, опиша дека нападот, кој резултирал со неколку убиени лица, бил „страшен“ и дека тие време да се скријат

Фото: President Of Ukraine from Україна, European People's Party, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Ракетен напад во пристанишниот град Одеса таргетирал место во непосредна близина на украинскиот претседател Володимир Зеленски и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој бил на посета во градот, пренесуваат Би-би-си и Гардијан.

Нападот врз пристаништето резултирал со смртта на најмалку пет лица, соопштија украинските воздушни сили.

„Слушнавме сирени како и експлозии што се случија во нашата близина. Немавме време да стигнеме до засолниште. Тоа беше многу интензивно искуство“, рече Мицотакис преку преведувач во Одеса.

Но, руското Министерство за одбрана тврди дека нападот бил врз „хангар во комерцијалното пристаниште во Одеса, во кое се подготвувале бродови без екипаж за борбена употреба од страна на украинските вооружени сили“.

„Руските сили не се грижат дали нивните цели се воени или цивили, или за кого станува збор, дали се меѓународни гости, на овие луѓе не им е грижа“, рече Зеленски.

Нападот врз пристанишниот град доаѓа само неколку дена откако воздушни напади во Одеса резултираа со смртта на 12 лица, еден од најсмртоносните напади врз цивили со недели.

И Русија и Украина го имаат зголемено бројот на напади, како што Москва се движи напреднува на фронтот, а Кијив се соочува недостиг на оружје и персонал.