Свет Воздушен напад на пазар во Сирија, 70 загинати

Воздушен напад на пазар во Сирија, 70 загинати

Најмалку 70 луѓе загинале во серија на воздушни напади на сириските силе на еден пазар во Дума, град кој го држат бунтовниците, во близина на Дамаск.

Како што соопшти Сириската опсерваторија за човекови права, ранети се околу 200 луѓе, а билансот на жртви, од кои повеќето се цивили, најверојатно ќе расте бидејќи многу од ранетите се во тешка состојба.

Директорот на Опсерваторијата Рами Абдел Рахман рекол дека локалните жители се собрале по првиот напад за да ги евакуираат ранетите, по што следеле нови напади.

Нападот на Дума доаѓа во момент на првата посета на новиот шеф на канцеларијата на Обединетите нации за хуманитарни прашања, Стивен О’Брајан во Сирија, откако дојде на таа должност во мај.