Свет Свет Во железничка несреќа во Индија загинаа осум деца

Во железничка несреќа во Индија загинаа осум деца

Осум деца загинаа при удар на воз во комби, кое на сверот на Индија превезувало 20 деца во училиште.

Несреќата се случила во сојузната држава Утар Прадеш. Возачот на комбито најверојатно не го чул сигналот на предупредување на возот што се приближувал, бидејќи имал слушалки во ушите, изјави полицаецот Арвинд Бушан.

– Иако железничарот се обиде да го предупреди возачот на комбито дека се приближува воз, возачот не можеше да го слушне затоа што имаше слушалки – изјави Бушан.

Освен осум жртви, во судирот повредени се возачот и уште шест деца.