Видео Во железничка несреќа во Индија загинаа 96, а повредени се 150 патници

Во железничка несреќа во Индија загинаа 96, а повредени се 150 патници

Најмалку 96 лица загинаа, а повеќе од 150 патници се повредени во Индија откако од шини излетаа 14 вагони на воз во северната држава Прадеш, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил во близина на градот Канпур, низ кој дневно поминуваат по стотина возови.

Индискиот премиер Наренда Моди на својот профил на „Твитер“ напиша дека неговите мисли се со семејствата на настраданите.

Сè уште се утврдуваат причините поради кои се случила несреќата.