Свет Свет Во земјотресите во Јапонија загинаа 29 лица, се стравува за поголема бројка

Во земјотресите во Јапонија загинаа 29 лица, се стравува за поголема бројка

Најмалку 19 лица загинале во двата силни земјотреси што вчера го погодија југот на Јапонија, што го зголеми билансот на загинати во земјотресите во изминатите два дена во таа земја на 29 лица.

Повеќе од 1.500 лица се повредени, а најмалку 80 се наоѓаат во критична состојба. Властите наведуваат дека околу 70.000 луѓе се евакуирани во прифатни центри.

Тие стравуваат дека бројката не е конечна, бидејќи голем број луѓе останале заробени под урнатините. Во погодените региони испратени се 20.000 војници, кои учествуваат во акциите за спасување.

Најмалку 200.000 луѓе на југот на Јапонија останале без електрична енергија. Јапонските власти наведоа дека во нуклеарните централи нема штети од потресите.