Свет Свет Во земјотрес во Индија, шестмина загинати

Во земјотрес во Индија, шестмина загинати

Најмалку шест лица загинаа, а десетина се повредени во земјотресот со магнитуда од 6,8 степени според Рихтеровата скала во околината на Импхала, на североистокот на Индија. Луѓето во страв бегале од своите домови, а градот во близина на границата со Мјанмар остана без струја.

Американскиот геолошки институт објави дека потресот е забележан на длабочина од 57 километри, триесетина километри западно од Импхала, главен град на индиската држава Манипур.

Полицијата во Импхала соопшти дека едно лице загинало при уривање на зграда.