Македонија Во владата пристигна предлогот на француското претседателство за решение на спорот меѓу...

Во владата пристигна предлогот на француското претседателство за решение на спорот меѓу Македонија и Бугарија

Фото: Мета.мк

Во македонската Влада, преку Министерството за надворешни работи, пристигна предлог од француското претседателство со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови, соопштија од Владата. Предлогот се однесува на ветото што Бугарија ѝ го наметна на Северна Македонија со што го блокираше отпочнувањето на преговорите на земјата за членство во ЕУ.

Нема повеќе детали околу содржината на предлогот и дали тој се разликува со она што беше изгласано во бугарскиот парламент изминатата недела.

Од Владата посочуваат дека овој предлог ќе биде основа за широк консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со Претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата.

„Како што ветивме, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, мериторно, согласно Стратешките интереси на земјата и на сите нејзини граѓани“, велат од Владата.

Оттаму упатија благодарност до Претседателот на Франција, Емануел Макрон и француското претседателство, како што велат, „за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот“.

Парламентот на Бугарија го направи претпоследниот чекор за кревањето на ветото, под 4 услови