Свет Балкан Во Турција приведени 136 вработени во судската администрација

Во Турција приведени 136 вработени во судската администрација

Во рамките на истрагата за неуспешниот обид за воен удар, турската полиција денеска приведе 136 вработени во судската администрација во Турција.

Полицијата утрово извршила претрес во судските канцеларии и одзела компјутери, а други полициски тимови извршија претрес во домовите на осомничените.

Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул издала налог за притворање на 173 вработени во судовите Чаглајан, Бакиркој и Газиосманпаша, од кои 136 се приведени во денешната операција.