Свет Во тропска бура во Кина, шест лица загинаа, осум се исчезнати

Во тропска бура во Кина, шест лица загинаа, осум се исчезнати

При ударот на тајфунот Непартак, кој прерасна во тропска бура откако во саботата ја погоди континентална Кина, шест лица загинаа, а најмалку осум се водат како исчезнати.

Предизвиканата економска штета е проценета на 860 милиони јуани, односно 116 милиони евра, јавуваат кинеските медиуми.

За доаѓањето на Непартак, кој го зафати и Тајван, Кина се подготви евакуирајќи околу 230.000 луѓе, соопштија властите на источната провинција Фуџијан, која беше најмногу погодена.

Повеќе од 200.000 жители во десет кинески градови беа привремено евакуирани, додека повеќе од 1.900 куќи и станови беа целосно уништени.

За време на викендот стотина илјади жители на Фуџијан останале без електрична енергија, а сообраќајот таму бил значително нарушен при што пет аеродроми биле целосно затворени.