Свет Европа Во судирите во Нагорно-Карабах загинале 97 проерменски војници

Во судирите во Нагорно-Карабах загинале 97 проерменски војници

Силите кои ги поддржува Ерменија изгубиле 97 војници, доброволци и цивили, во обновените борби околу отцепениот регион Нагорно-Карабах, соопшти ерменското министерство за одбрана.

Азербејџан, чии војници се судриле со силите на Нагорно Карабах, кои се поддржани од Ерменија, соопштија дека изгубиле 31 војник и четири цивили од 2 до 5 април.

Примирјето, кое е договорено со посредништво од Москва на 5 април, ги прекина четиридневните судири, но спорадични инциденти има сè уште во текот на вечерните часови.