Свет Балкан Во судири со демонстрантите во Приштина, повредени се 17 полицајци

Во судири со демонстрантите во Приштина, повредени се 17 полицајци

Вкупно 17 припадници на косовската полиција се повредени во судирите со демонстрантите во Приштина.

Двајца полицајци добиле тешки повреди, но не се во животна опасност.

Во нередите се оштетени осум цивилни, едно службено и четири полициски возила.

Оштетена била и зградата на парламентот, но и друг јавен и приватен имот.