Свет Балкан Во Словенија уапсени 21 лице и запленети околу 290 килограми дрога

Во Словенија уапсени 21 лице и запленети околу 290 килограми дрога

Словенечката полиција уапсила 21 лице и запленила 160 килограми кокаин и 131 килограм марихуана.

Уапсените се државјани на Словенија, БИХ, Македонија, Србија и жители на Косово, на возраст од 21 до 64 година. Полицијата трага по Шпирон Хоџај.

Од словенечкото истражно биро соопштија дека 21 лице се уапсени поради 400 казнени дела извршени во Словенија Бугарија, БИХ, Србија и во Македонија.

За време на акцијата, која е спроведена во соработка со Европол, запленети се најмалку три парчиња оружје, додека во Бугарија е откриена печатница на фалсификувани пари, кои биле дистрибуирани низ Европа.

Уапсените, исто така, се осомничени дека на територија на Словенија прокриумчареле најмалку 50 лица.