Свет Европа Во Шпанија голем пораст на бројот на заразени кај медицинскиот персонал

Во Шпанија голем пораст на бројот на заразени кај медицинскиот персонал

Лекарите и друг медицински персонал во Шапнија што се заразени со новиот корона вирус се најмалку 12.298 луѓе, односно 14 отсто од вкупната бројка регистрирани случаи, соопшти денеска Марија Хозе Сиера, заменик-директор на Центарот за реакции во здравството.

Оваа бројка покажува повеќе од двоен пораст на бројката на заразените за една седмица – претходно соопштената бројка беше околу 5.400 лекари и друг медицински персонал.

Австрија, пак, денеска воведе нови нови мерки – забранувајќи им на хотелите да примаат гости во времето околу Велигден.

Во оваа земја од среда во супермаркетите ќе може да се влегува само со маски, кои ќе може да се купат и на влезовите на супермаркетите. Лицата со зголемен ризик ќе ги добиваат бесплатно.