Видео Во пожарот во Калифорнија изгореа 600 куќи

Во пожарот во Калифорнија изгореа 600 куќи

Најмалку 585 куќи и уште стотина други објекти изгореле во пожар кој со денови беснее во Калифорнија. Властите на оваа држава прогласија вонредна состојба, а повеќе од илјада луѓе мораа да ги напуштат домовите.

Во пожарите, животот го изгуби најмалку едно лице, а 13.000 се евакуирани. Како што пренесува агенцијата „Ројтерс“, и понатаму се загрозени околу 9.000 објекти во областа на околу 80 километри западно од Сакраменто.

Во гаснењето на пожарот биле ангажирани повеќе од 2.300 пожарникари, а четворица се повредени.

Шумскиот пожар кој се нарекува „огнена долина“, избил во округот Лејк, северно од Сан Франциско, и брзо се шири на околу 10.117 хектари земјиште.