Хроника Во пожар изгорела фабрика за паркет и за брикети во Виница

Во пожар изгорела фабрика за паркет и за брикети во Виница

Во пожар, кој избувнал во средата попладне, изгорела фабриката за паркет и за брикети „Бор – вуд“, во населбата Градец, во Виница, сопственост на 32-годишниот Б.М., соопшти денеска полицијата.

Со пожарот, според полициските информации, биле зафатени таванскиот простор, дрвената покривна конструкција, две машини за обработка на паркет, една машина за пакување паркет, една машина за калибрирање паркет и поголемо количество готов паркет и елементи за фриза.

Пожарот бил локализиран од екипи на територијалните противпожарни единици на Виница и на Кочaни.

Причините за пожарот и висината на материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени, информираат од полицијата.