Македонија Во последните 24 часа има 199 нови случаи на ковид-19 од 1.846...

Во последните 24 часа има 199 нови случаи на ковид-19 од 1.846 тестови, починаа 8 лица

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби | Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира, според добиентите податоци од Институтот за јавно здравје, соопшти дека во последните 24 часа се направени 1.846 тестирања, а се регистрирани 199 нови случаи на ковид-19. Во: Скопје – 80, Охрид – 19 , Кавадарци -19, Тетово -14 , Прилеп – 13, Куманово – 9, Гостивар и Велес по 7, Струмица и Гевгелија по 6, Битола и Струга по 5, Свети Николе, Ресен и Делчево по 2, Штип, Кочани и Кратово по 1.

Има 264 оздравени пациенти од: Скопје – 111, Охрид -66, Струга -35, Куманово и Велес по 9, Берово – 6, Пробиштип – 5, Битола -4, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш по 3, Тетово, Штип, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар и Кратово по 1.

Пријавени се вкупно 8 починати лица, 2 пациенти од Кочани (74, 70г), и по еден смртен случај од Скопје (76г), Ресен (88г), Кавадарци (77), Гостивар (70), Гевгелија (63) и Битола (65). Сите се починати во болнички услови.

Според последните завршени епидемиолошки анализи, во моментов најголем број на регистрирани случаи на лица со корона вирусот има во Скопје, 41.416 и активни 3.979, во Куманово, 5.274 случаи и активни 313 и во Тетово, каде има 5.196 евидентирани случаи и активни 319.

Досега во земјата се направени вкупно 470.691 тестирања на ковид-19, а вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 94.798. Бројката на оздравени пациенти е 83.999, на починати е 2.924, а на активни случаи изнесува 7.875.