Свет Свет Во поплавите во Калифорнија загинаа 15 лица, а најмалку 25 се повредени

Во поплавите во Калифорнија загинаа 15 лица, а најмалку 25 се повредени

Во Калифорнија продолжува потрагата по настраданите во големиот одрон кој уништи десетина домови во областа Санта Барбара, каде што засега има 15 загинати и најмалку 25 повредени.

Најмалку 50 лица мораа да бидат евакуирани со хеликоптер, поради невремето а бројот на жртви може да биде поголем при проширување на истрагата.

Спасувачките екипи пребаруваат дали има преживеани во некои од оштетените градби.

Најголем дел од одроните кои се случија по обилните врнежи од дожд, се последица на пожарот „Томас“ кој минатиот месец зафати најголем дел од територијата на Калифорнија и е најголем пожар во историјата на оваа држава.