Свет Во невреме на југот на САД загинаа 18 лица

Во невреме на југот на САД загинаа 18 лица

Во невремето што викендов го зафати југот на САД, настрадаа 18 лица, соопштија денеска локалните власти.

Вкупно 14 лица загинаа ноќта меѓу сабота и недела во американската држава Џорџија, каде што уште пет лица се водат за исчезнати.

Четворица настрадале и 20 се повредени во торнадо на југот на државата Мисисипи.

Невремето предизвикало материјална штета и многу домаќинства останале без електрична енергија, бидејќи силниот ветер носел дрва и ги прекинал електричните кабли.