Свет Во напад на сириски затвор 16 лица загинаа

Во напад на сириски затвор 16 лица загинаа

Најмалку 16 лица загинаа во воздушен напад на затвор во провинцијата Идлиб на северот од Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Во соопштението на Опсерваторијата се наведува дека меѓу загинатите, има и затвореници и чувари.

Нападите се изведени во текот на ноќта. Се верува дека нападите ги извеле руски авиони.

Идлиб е најголемо упориште на сириските бунтовници.