Свет Свет Во Мосул убиен еден од водачите на ИСИС

Во Мосул убиен еден од водачите на ИСИС

Еден од водачите на ИСИС е убиен во вчерашните воздушните напади врз ирачкиот град Мосул, соопштиле локални извори, пренесува хрватски „Индекс“.

Станува збор за Радван Талеб ал-Хамдоуни, водач на радикалната милитантна група во Мосул.

Според информациите, тој бил убиен заедно со својот возач, кога во воздушните напади во западниот дел од градот, бил погоден автомобилот во кој се превезувал.

Хамдоуни беше гувернер на градот Мосул, кој што милитантите на ИСИС го освоија во јуни годинава.

САД во август почнаа воздушна кампања против позициите на ИСИС во Ирак, а операциите потоа беа проширени и на територијата на Сирија.