Македонија Во Косово ќе се патува само со лична карта

Во Косово ќе се патува само со лична карта

Договор за прекугранично движење на граѓаните на двете земји со биометриски лични карти, како и за отворање на граничниот премин Белановце – Станчиќ, денеска во Приштина потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и на Косово, Никола Попоски и Хашим Тачи.

Двајцата министри оценија дека овие договори ќе бидат од корист на граѓаните и на бизнисите од двете земји, а ќе овозможат и зголемена размена на искуства меѓу младите, како и интензивирање на економската соработка.

Со биометриска лична карта, покрај во Србија и во Албанија, сега може да се патува и во Косово.