Свет Во Колумбија три смртни случаи од вирусот зика

Во Колумбија три смртни случаи од вирусот зика

Три смртни случаи во Колумбија се последица на вирусот зика, кој е во експанзија во Латинска Америка, потврди колумбискиот институт за здравје.

– Можам да потврдам дека три смртни случаи се последица на вирусот зика – изјави Марта Луција Оспина, директорка на институтот, и додаде дека трите лица го имале синдромот Гилен-Баре.

Синдромот ја предизвикува оваа неуролошка болест која може да доведе во парализа. Според Оспина, се очекува дека ќе има уште вакви случаи.

– Светот почнува да сфаќа дека вирусот зика е причина на смрт – рече таа.

Колумбија е втора земја, по Бразил, која регистрира најмногу вакви случаи.