Економија Во Кавадарци се изработува физибилити студија за гасификација на градот

Во Кавадарци се изработува физибилити студија за гасификација на градот

Во Кавадарци се предвидува изградба на 22-километарска гасоводна линија, за што е потребна изработка на физибилити студија која треба да биде готова за неколку месеци.

Откако ќе се изработат идејниот и основниот проект, кој треба да помине на Советот на општинат, ќе следи формирање на јавно претпријатие за гасификација, најави градоначалникот Митко Јанчев.

На поврзувањето на магистралниот гасовод од Неготино преку Кавадарци, Прилеп па се до Битола, во должина од 92 километри, веќе има околу 40 проценти реализација на градежните работи.

Приклучувањето на Кавадарци кон гасоводот може да се очекува во 2021 година.