Македонија Во изминатото деноноќие 55 лица не го почитувале полицискиот час

Во изминатото деноноќие 55 лица не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие, соопшти МВР, забраната за движење на ниво на целата држава не ја почитувале 55 лица, при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие на 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 11 лица потпишале изјави за самоизолација.

Полициски службеници биле во контрола кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека осум лица не ја почитувале мерката за изолација.