Свет Во Ирак во 2016 година загинале 6.878 цивили

Во Ирак во 2016 година загинале 6.878 цивили

Во текот на 2016 година, во Ирак загинале најмалку 6.878 цивили, соопштија од Обединетите нации.

Мисијата на ОН за помош на Ирак (УНАМИ) во соопштение наведе дека за време на минатата година повредени биле најмалку 12.388 цивили, додавајќи дека тие податоци не ги вклучуваат жртвите помеѓу цивилите во западната провинција Анбар во мај, јули, август и во декември.

Овие бројки „мораат да се сфатат како апсолутен минимум“, соопштија од ОН, наведувајќи дека мисијата не била во можност да потврди случаи на цивилни жртви во зоните на конфликтот, како и тие што го изгубиле животите поради „секундарни ефекти на насилство“ како недостатоци на вода, храна, лекови и на здравствена нега.

Според податоците на мисијата УНАМИ, во 2015 година во Ирак биле убиени најмалку 7.515 цивили.