Свет Свет Во Индија уапсени 15 лица за силување мајка и дете

Во Индија уапсени 15 лица за силување мајка и дете

Петнаесет лица во Северна Индија се уапсени поради сомневање дека извршиле групно силување на жена и на нејзината ќерка.

Како што соопшти полицијата, мајката и детето патувале заедно со тројца роднини во автомобил, кој на фреквентен автопат бил сопрен од група мажи со метални прачки. Напаѓачите ги извлекле патниците од автомобилот, роднините ги врзале, а жената и детето ги силувале.

По грозоморниот чин, ги ограбиле.