Свет Балкан За бегалците во Идомени одлуката на ЕУ е глупост

За бегалците во Идомени одлуката на ЕУ е глупост

„Не сакаме да се вратиме во Турција, одлуката на Европската Унија е глупост“, коментираат мигрантите во кампот Идомени во Грција, за балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Реакциите следуваат по начелниот договор меѓу ЕУ и Турција.

Во кампот Идомени на македонско-грчката граница во моментов се наоѓаат повеќе од 13.000 бегалци, од кои голем дел се жени и деца.

Кампот „Винојуг“ кај Гевгелија е речиси празен, затоа што грчко-македонската граница ја минуваат само мали групи бегалци.