Свет Во Филаделфија сквернавени 500 еврејски гробови

Во Филаделфија сквернавени 500 еврејски гробови

Вандали сквернавеле повеќе од 500 гробови на еврејски гробишта во Филаделфија, јави американската телевизија „Еј-би-си“. Уривањето на надгробните плочи е последен во серијата напади на еврејски објекти во САД.

Еден рабин рече дека некои од сквернавените споменици на гробиштата во Филаделфија се гробови на муслимани и на квекери.

Организацијата „Лига против клевета“ понуди награда од 10.000 долари за информација што би довела до идентификување и до апсење на извршителите.