Свет Свет Во експлозија во Бангкок повредени се 60 лица

Во експлозија во Бангкок повредени се 60 лица

Најмалку 60 лица се повредени во Бангкок кога експлодирал мотор на брод кој превезувал патници, а во времето на експлозијата се приближувал кон пристаништето, соопшти тајландската полиција.

Меѓу повредените имало и странци, а бродот ги превезувал луѓето низ водените канали во источното предградие на Бангкок.

Бидејќи пристаништето било блиску, неколку од патниците скокнале во вода за да се спасат. Најмалку 60 лица со изгореници биле префрлени во болница, но нема жртви.