Македонија Во центарот на Скопје отворена „Алеја на Украина“

Во центарот на Скопје отворена „Алеја на Украина“

Фото: Горан Герасимовски Фејсбук профил

Новата украинска амбасадорка во земјава Лариса Дир од центарот на Скопје каде што денес беа засадени дрвја донирани од Украина и беше отврена изложбата наречена „Алеја на Украина“ порача дека Украина има исклучителна важна поддршка од македонското општество.

Таа рече дека Русија продолжува со својата крвава напаѓачка политика, одземајќи животи на цивили и уништувајќи го украинското културно наследство.

„Северна Македонија ја поддржува и ѝ помага на Украина во сите можни сфери. Вие сте наши сигурни пријатели и сојузници, ние заедно со вас се бориме за демократската иднина на светот“, изјави амбасадорката Дир.

Фото: Горан Герасимовски Фејсбук профил
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на свеченоста инстакна дека „Алејата на Украина“ ќе биде вечен потсетник на поддршката која ја даваат граѓаните и Општина Центар на Украина и украинскиот народ.
„Општина Центар и досега во неколку наврати даде неизмерна поддршка во овие тешки месеци за Украина. Нашите жители веќе згрижија неколку семејства меѓу кои и мајка со новороденче. Ние продолжуваме да бидеме хумани и отворени за помош и поддршка на сите семејства и поединци кои доаѓаат од завојуваните подрачја во Општина Центар“, рече Герасимовски.
Претставникот на здружението „Лесја Украинка“, Олександр Урбанович  рече дека покрај денешниот настан преку кој прикажува уништеното културно наследство на Украина еден ден и во Украина ќе биде засадена „Алеја на Македонија“.
Инаку во март годинава граѓаните на Северна Македонија имаа можност да се приклучат на петицијата „улица Украинска“ со што би ги поттикнале градските власти да ја преименуваат улицата Пиринска, на која се наоѓа  Амбасадата на Руската Федерација  во Скопје, во улица Украина

Петиција: Улицата Пиринска, на која се наоѓа Руската амбасада во Скопје да се преименува во „улица Украинска“