Свет Во бомбашки напад загинале седум, а повредени се 400 луѓе во Кабул

Во бомбашки напад загинале седум, а повредени се 400 луѓе во Кабул

Најмалку седум луѓе погинале, а околу 400 се ранети во бомбашки напад во Кабул. Нападот се случил во резиденцијалниот дел на Кабул, со помош на камион-бомба.
Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, но талибанците вчера во Кандахар извршија серија напади во кои беа убиени девет лица.

Портпаролот на авганистанското министерство за здравство, Вахидулх Мајар, изјави дека според новите податоци, во синоќешниот напад во Кабул ранети се 400 луѓе.

Вчера во Авганистан убиени се осум луѓе во самоубиствен напад на талибанците врз полицијата во местата Пул и Алам, што е прва таква акција на бунтовниците откако е објавено дека нивниот лидер Мула Омар умрел во 2013 година.

Мировните преговори на талибанците и на авганистанските власти се прекинати минатата недела, кога е објавено дека Мула Омар умрел во 2013 година, во болница во Пакистан.