Свет Во битката за Алепо загинаа 70 лица

Во битката за Алепо загинаа 70 лица

Во конфликтот помеѓу сириските сили и бунтовниците во сириската провинција Алепо во изминатите 24 часа загинаа 70 луѓе на двете страни, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права.

Прорежимските борци, потпомогнати со воздушни напади од руските сили, ја повратија контролата во селата Зајтан и Халаса.

Меѓутоа фронтот Ал нусра, сирискиот разгранок на Ал каеда, утринава изведе контранапад да го заземе Халса, кое се наоѓаа над подрачјето низ кое поминуваат патиштата за снабдување на сириските сили.

Режимските сили во текот на ноќта бомбардирале области под контрола на бунтовниците и на екстремистите.

Алепо е поделен на западен дел кој е под контрола на владата и источната област која ја контролираат бунтовниците.