Свет Балкан Во БиХ убиена жена во пекарница, убиецот потоа се самоубил

Во БиХ убиена жена во пекарница, убиецот потоа се самоубил

Според првичните сознанија, убиецот првин ја убил жената, а потоа си пресудил

Фото: Фејсбук профили на Дендиќ и Халиловиќ. Колаж: avaz.ba

Во босанското гратче Завидовиќи, западно од Тузла, вчеравечер 46-годишен маж во пекарница убил 33-годишна вработена, јави босанскиот весник „Аваз“ на својот вебсајт.

Полициската станица Завидовиќи добила дојава во 21:17 часот вчера дека се пукало во пекарницата „Централ“.

При увидот, што траел повеќе од четири часа, во пекарницата биле пронајдени телата на 33-годишната вработена Аида Дендиќ и 46-годишниот Мерсуд Халиловиќ. Според првичните сознанија, убиецот првин ја убил жената, а потоа самиот си пресудил.

Полицијата работи на утврдување на мотивите, а убиениот и убиената не биле во брак, ниту во роднинска врска, па допрва ќе се утврдува друга поврзаност меѓу нив.

Сличен инцидент во БиХ се случи на 11 август, кога во гратчето Градачац, Нермин Сулејмановиќ (35) ја уби својата невенчана сопруга, а нејзиното бебе го оставил во локва крв од мајката. Потоа, во центарот на Градачац уби татко и син со кои се познавал, а нивната сопруга и мајка тешко ја рани. Потоа се самоубил. Целиот крвав поход тој го емитуваше во живо на Инстаграм.

Човекот што дојде по бебето по масовното убиство во БиХ добива закани