Проверка на факти Во Албанија 170.000 Бугари има само во националистичките соништа

Во Албанија 170.000 Бугари има само во националистичките соништа

Бугарскиот весник „Труд“ во вчера објавена статија за 15-та светска средба на бугарските медиуми која што се одржуваше во Тирана во текот на викендот, меѓу другите информации протна и една невистина – дека најверојатно не само во регионот Голо Брдо, туку и околу Корча живееле меѓу 100 и 170.000 етнички Бугари“.

Весникот оваа невистина всушност ја пренесува во цитатот на Максим Минчев, генерален директор на Бугарската телеграфска агенција: „Во реоните на Голо Брдо нагоре, и Корча – тоа се три енклави во кои се зборува дека живеат 100 и 170 000 етнички Бугари“.

Но, иако несомнено од пред две години Албанија официјално признава постоење на бугарско малцинство во споменатите подрачја и несомнено има некои жители што се чувствуваат како Бугари, големиот број документарни емисии, новинарски прилози со разговори со жители на подрачјата Голо Брдо, но и во околу Корча, не ја потврдуваат ваквата теза од јадрото на бугарскиот национализам. За Мала Преспа дилеми и нема дека бугарско самосознание е нешто што речиси воопшто не е застапено.

Во она од погоре споменатата категорија што може да се најде како видео материјал на Јутјуб и на Фејсбук, несомнено е дека луѓето во огромен дел се изјаснуваат како Македонци, понекогаш како Горани – а зборуваа на дијалекти што со бугарскиот јазик, па дури и со бугарските западни дијалекти немаат никаква врска.

Дополнително, за какво етничко население живее во овие краишта на Албанија зборува и фактот дека летово Македонско друштво „Илинден”-Тирана и Македонско друштво „Илинден”- Огранок Голо Брдо, алармираа за лошата состојба на Македонците и побараа формирање на две општини – Голо Брдо и Гора – во подрачјата каде живеат Македонци. Досега не се слушна дека некој од жителите рекле дека не сакаат да ги нарекуваат Македонци, туку Бугари.