Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ не презема ништо за намалување на загадувањето

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ не презема ништо за намалување на загадувањето

Владата на СДСM, која е шест месеци на власт, нема план и не презема конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата обвинуваат дека Владата ги укинала корисните мерки, воведени од претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„По стапката на владата на СДС тргнаа и нивните градоначалници, кои по локалните избори почнаа со контра-мерки. Додека мерните станици на Министерство за животна средина и просторно планирање алармираат секој ден дека има превисоки концентрации на ПМ10-честичките и граѓаните се задушуваат, владата на СДС се грижи за своите луксузирања и за полнење на институциите со партиски војници“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму порачуваат дека Владата на СДСМ и градоначалниците од таа партија ќе сносат одговорност затоа што не преземаат ништо за загаденоста на воздухот.