Македонија ВМРО-ДПМНЕ утре на протест со автомобили од х. Русија во Аеродром до...

ВМРО-ДПМНЕ утре на протест со автомобили од х. Русија во Аеродром до РКЕ во Центар

Од последниот протест на опозициската партија | Извор: ФБ профил на Х.Мицкоски

Утре со почеток во 18 часот од паркингот на СЦ Јане Сандански, ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на протест со автомобили против поскапувањето на струјата.

Во најавата за протестот од партијата велат дека за претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски има 120.000 денари плата, а за граѓаните повисока цена на струјата.

Од партијата информираат дека протестот ќе заврши пред просториите на РКЕ.

Ова не е прв протест на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата. Партијата и претходно протестираше и најави дека ќе продолжи со протести во периодот што следи.