Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Судството под политички притисок ослободи лица обвинети за тероризам

ВМРО-ДПМНЕ: Судството под политички притисок ослободи лица обвинети за тероризам

Судството под политички притисок вчера ослободи лица обвинети за тероризам, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ослободувањето на обвинетите во случајот „Монструм“.

Во партиското соопштение се додава дека „истото тоа судство ги преиначи мерките домашен притвор за актерот Владо Јовановски и режисерот Борис Дамовски и одлучи да ги испрати во истражниот затвор во Шуто Оризари“.

„Зоран Заев и органите на прогонот под негова команда, не само што им измислија, конструираа и процесираа обвинение за тероризам, туку повеќе им веруваат на убијците од Смиљковско Езеро, дека редовно ќе се јавувале на суд и дека нема да ја напуштат Македонија, отколку што им веруваат на македонските патриоти“, се вели во соопштението.

Од партијата најавуваат дека и денеска  во 18 часот,  ќе организираат протест пред истражниот затвор во Шуто Оризари, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.