Култура ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за директор на „Танец“ постави човек со средно градежно училиште

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за директор на „Танец“ постави човек со средно градежно училиште

Алаѓозовски е поим за неспособност и деструкција. Тој е целосно неспособен и незаинтересиран за развојот на културата која секојдневно ја разорува. Поставувањето на Стојанче Павловски за в.д. директор на Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец” е уште еден доказ за хаосот и партизацијата што ги создава СДС, рече денеска на прес-конференција Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека Павловски е човек со завршено средно градежно образование, „кој е поставен само затоа што е политички подобен за Заев и Алаѓозовски“.